Научниците конечно откриле зошто некои луѓе мразат прегратки
За луѓето кои мразат прегратки, некои ситуации можат да бидат непријатни и да им претставуваат вистински предизвик. Никогаш не знаете дали некој пријател ќе одлучи баш денес да ве почести со прегратка. Во оваа ситуација немате многу избор освен да трпите или да успеете да избегате.
Без разлика дали сакате прегрнувања или не, науката конечно откри зошто некои луѓе спаѓаат во втората група.
Зошто луѓето мразат прегрнување?
Според експертите, можеби клучното нешто е мислењето на личноста за прегрнувањето. Сузан Дегс Вајт, професор по советување и советник при Универзитетот во Северен Илиноис, изјавила:
„Нашата склоност кон физички допир, без разлика дали е прегратка, допирање на грбот или допирање на дланката, често е продукт од нашите искуства од раното детство.“
Истражување од 2012-та година покажало дека луѓето кои биле одгледани со прегратки, веројатно ќе ја продолжат традицијата. Исто така, истражувањето нагласило дека прегратките се важен елемент во емоционалното созревање на децата.
Сузан смета дека луѓето кои не биле прегрнувани често како деца можно е да се чувствуваат непријатно кога се прегрнуваат како возрасни.
„Во семејство кое не било физички демонстративно, децата веројатно ќе ја следат истата шема и со нивните деца кога ќе пораснат.“
Навистина чудно е што недостатокот од прегратки може да го има и спротивниот ефект.
„Некои деца растат и се чувствуваат прегладнето за допир, па стануваат социјални прегрнувачи кои не можат да поздрават пријател без прегратка или допир на раменото.“
Кај оваа проблематика постои и културен елемент. Според едно истражување од 2010-та година, луѓето во Америка и Англија се прегрнуваат и допираат многу поретко за разлика од луѓето во Франција или Пуерто Рико.
Како да реагирате со личност која не сака прегрнување?
Најдобро е да го избегнувате прегрнувањето освен ако не сте навистина блиски со личноста. Иако можеби вам прегратките ви се удобни, не сите се чувствуваат исто. Важно е да обрнете внимание на туѓиот говор на телото. Секој има право да контролира што се случува со неговото тело, а многу луѓе не се чувствуваат удобно ни со ракување.
Како да ја надминете аверзијата кон прегратките?
Се разбира, нема ништо лошо во тоа што не ги сакате прегратките и никогаш не треба да чувствувате притисок да допрете некого ако не го сакате тоа. Но ако сакате да научите како да станете „прегрнувач“, Саманта Хес, основач на центарот кој им помага на луѓето да се поврзат со другите, има неколку совети.
„Минуваме низ границите пред секој допир и им кажуваме на корисниците дека можат да го променат мислењето. Имаме 78 пози за прегрнување низ кои ги водиме корисниците и наоѓаме нешто што е удобно за секого.“
Понекогаш е потребно само да сфатите дека прегратките сепак не се толку лоши.
„Можно е да почувствувате дека сте полни со олеснување, благодарност, изненадување, прифаќање, па дури и да ви биде криво што толку долго сте се затворале во себе.“
Знаевте ли и дека прегратките можат да ви помогнат во борбата против стресот и инфекциите?