Научниците им ги поврзале мозоците на тројца луѓе овозможувајќи им да споделуваат мисли

Научниците им ги поврзале мозоците на тројца луѓе овозможувајќи им да споделуваат мисли

Невронаучниците успешно направиле тринасочна мозочна конекција за да им овозможат на тројца луѓе да споделуваат мисли, или во овој случај, да играат игра слична на Тетрис. Тимот смета дека овој луд експеримент може да се направи на поголемо ниво и да направи цели мрежи од луѓе.

Научниците им ги поврзале мозоците на тројца луѓе овозможувајќи им да споделуваат мисли

Целиот процес работи со комбинација на електроенцефалограм (ЕЕГ) за снимање на електричните импулси на мозочната активност, и трансверзални магнетски стимулации (ТМС) каде што невроните се стимулирани со помош на магнетно поле.

Истражувачите го крстиле овој систем BrainNet и сметаат дека кога-тогаш ќе може да се користи за спојување многу разни умови, дури и преку Интернет. Покрај тоа што ни отвора нови чудни методи на комуникација, оваа направа може да ни каже нешто повеќе за функционирањето на човечкиот мозок на подлабоко ниво.

„Го презентираме BrainNet кој според нашето знаење е првото директно поврзување на мозоци за соработка при решавање проблем. Интерфејсот им овозможува на тројца луѓе да соработуваат и да решат проблем користејќи директна комуникација со мозокот.“

Во експериментот, двајца „испраќачи“ биле поврзани со ЕЕГ електроди и требало да играат игра во стилот на Тетрис. Требало да одлучат дали на секоја форма што паѓала ѝ требало ротација. За да го направат ова, биле замолени да гледаат во две ЛЕД светилки на секој крај од екранот. Едната светкала со 15 Hz а другата со 17 Hz, со ова правејќи разни сигнали во мозокот што ЕЕГ ќе ги забележи.

Овие избори потоа биле однесени кон еден „примач“ преку ТМС капа која може да генерира одблесоци светлина во умот на примачот. Примачот не може да ја види целата игра, но требало да ја ротира формата доколку добиел сигнал.

Помеѓу 5 разни групи од по тројца луѓе, научниците добиле просечно ниво на прецизност од 81,25%, што не е малку за прв обид.

Иако моментално овој систем може да пренесува само еден „одблесок“ податоци, тимот смета дека технологијата може да се прошири во иднина. Засега целиот процес е навистина бавен, а овој експеримент треба да биде прегледан од заедницата на невронаучници. Сепак, ни овозможува да погледнеме како би можела да изгледа нашата иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар