Насмејте се од срце со шегите на најзабавниот жонглер Мајкл Дејвис
Ако жонглирањето го зачините со квалитетна доза хумор, го добивате Мајкл Дејвис – најзабавниот жонглер досега. Со својата досетливост и неспорните вештини, тој ја забавува публиката повеќе од 25 години. Познато е дека меѓу фановите на Дејвис се и американските претседатели. Неколку пати гостувал во Белата куќа, на покана на Џорџ Буш, Бил Клинтон и на Роналд Реган. За своите настапи вели:
„Не ми треба голем аплауз за секој мал трик што го правам. Јас не сум извршна власт.“
Една од неговите најпознати точки е кога истовремено жонглира со топка за куглање, јајце и јаболко, кое успева дури и да го вкуси додека го изведува перформансот. Задолжително погледнете ја, ќе ве насмее до солзи. 🙂
Жонглира и со неговата уста, а многу често придружен елемент на сцената му е гитарата. Најголемо влијание врз хуморот на Дејвис имаат Џек Бени, Фред Ален и Чарли Чаплин. Неговите шеги се прилагодени за сечиј вкус, можат да насмеат како 7-годишно дете, така и 77-годишен дедо.
„Ми се допаѓа кога деца, баби и дедовци се смеат на истата шега. Тоа е вид хумор кој не познава години“, вели Дејвис.
За жал, на интернет има само малку видеа со перформансите на овој фантастичен американски жонглер и комичар. Погледнете уште две од неговите најчесто изведувани точки и уживајте во неговиот безвременски хумор.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.