Нашите отпечатоци не се единствените нешта кои нè прават уникатни

Нашите отпечатоци не се единствените нешта кои нè прават уникатни

Сите ние знаеме дека кога станува збор за криминал, првото нешто врз кое се потпираат детективите за идентификација на осомничените се отпечатоците на прстите. Нивната уникатност предизвикува полесно распознавање на луѓето, како и откривање на нивната присутност на одредени места. Оваа пракса е позната со илјадници години и потекнува од далечната Кина, каде што тие ги запечатувале писмата со глина во форма на авторските отпечатоци.

Нашите отпечатоци не се единствените нешта кои нè прават уникатни

Но, што е со останатите делови од нашето тело? Секој човек е уникатен и посебен, па токму затоа и не е воопшто чудно што отпечатоците од прстите не се единственото нешто кое ги издвојува луѓето. Па, погледнете кои други делови од вашето тело се уникатни и ве издвојуваат од останатите луѓе на планетата.

1. Уши

Големи се шансите дека вие никогаш не сте гледале вака на вашите уши, но тие без сомнение ве прават уникатни. Секое уво има свои различни линии и облини, од кои највпечатлив и најуникатен е неговиот раб. За разлика од отпечатоците на прстите, кои можат да се менуваат поради лузни и триење на кожата, браздите на ушите остануваат исти во текот на целиот живот.

Ушите се целосно формирани пред раѓањето и со текот на годините ресицата малку се спушта, но сè останато останува исто.

2. Очи

Покрај отпечатоците на прстите, вие можете да бидете препознаени и според вашите очи. Има различни начини на кои тоа може да се стори, како скенирање на ретината, ирисот или шареницата на вашето око. Тоа е само уште еден начин кој денес сè почесто се користи во форензиката со цел да се откријат злосторниците или жртвите.

Шареницата е мускул кој го контролира поголемиот дел од зеницата и им дава на очите боја во зависност од количината мелатонин која ја содржат во себе. И покрај тоа што бојата и структурата на ирисот се најчесто одредени според генетиката, деталите исцртаните врз него најчесто не се. Тие се формираат од цврсто склопените мембрани на ткивата одека бебето сè уште се наоѓа во матката на мајката, а потоа веднаш пред раѓањето се создава мрежницата. Овие процеси на создавање се токму оние кои ги прават уникатни шарениците.

3. Јазик

Отпечатоците од забите се анализираат уште од 1970-тите во текот на судските предмети, но се верува дека уште еден посебен дел од телото е токму јазикот, кој исто така останува непроменет во текот на целиот живот.

Иако не е целосно докажано дека секој човек има посебен јазик, истражувачите тврдат дека токму овој орган е адекватен за идентификација осомничени или жртви поради тоа што е невозможно да се фалсификува неговиот отпечаток.

4. Од

Некои луѓе одат подгрбавено, некои потскокнуваат, додека пак други, ги влечат нозете. Секој се движи на свој начин и тоа не само со нозете, туку со целото тело. Во склоп на овој концепт, истражувачите откриле 24 компоненти кои го творат одот на секој човек и според кои тие можат да препознаат кој било во толпата луѓе.

Различни програми кои го анализираат човечкото одење имаат дури и до 80% точност. Принципот врз кој работи еден од овие програми можете да го погледнете во следново видео.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар