Нашите баби знаеле најдобро: Ова се 3-те работи што секогаш ги имале во домот
Нашите баби се секогаш грижливи и воглавно попопустливи од родителите. Во кујните на бабите секогаш има храна со неверојатен вкус што никогаш не се заборава. Што и да подготват, нивната храна е секогаш послатка и повкусна. Бабите имаат посебно место во животот на секој човек. Дали се сеќавате на работите што вашата баба секогаш ги чувала во домот? Некои од нив повторно се враќаат во домовите и го носат она тешко носталгично чувство што ни ги буди спомените од детството. Ова се 3-те работи што бабите секогаш ги имаат во домот…
1. Мушама
Мушамата е нешто што речиси секоја баба го имала на масата од практични причини. Секако, дека бабите користеле и чаршафи за свечени ручеци и слави, но мушамите биле дел од секојдневниот живот во кујната. На нив сме јаделе секакви вкусни јадења, од кои најмногу сме ги обожавале слатките. Освен тоа, ако случајно сме истуриле нешто на масата, бабите воопшто не се лутеле. Само ја пребришувале масата со влажна крпа и сѐ било во најдобар ред. Денес, многу семејства сѐ уште купуваат мушами за маса поради малите деца, бидејќи тие се покажале како практично решение. Бабите имале право!
2. Маст
Доколку се сеќавате на пржените јајца со салата од домати и домашен леб што ви ги приготвувала баба ви, сигурно го помните тоа како еден од најслатките оброци во детството. Најзаслужна за тоа била свинската маст, производ што речиси секоја баба редовно го користела при готвењето. Многу доктори советуваат дека треба да се одбегнува овој прехранбен производ, но некои истражувања покажале дека животинската маст е всушност многу поздрава во споредба со растителната маст што може да се најде во речиси сите готови производи.
Се смета дека свинската маст содржи дури 60% монозаситени масти, и тоа најмногу олеинска киселина. Олеинската масна киселина ја подобрува функцијата на срцевиот мускул, го регулира нивото на холестерол во крвта и го намалува ризикот од срцев удар. Токму од таа причина, многу луѓе кои внимаваат на исхраната, задолжително внесуваат свинска маст. Но, секако дека не треба да претерувате!
3. Мелник за кафе
Во ова брзо и лудо време, сѐ помалку време поминуваме во кујната. Повеќето работи ги купуваме од продавница, а подготвувањето зимница сега е многу редок обичај. Кафето исто така го купуваме од продавница, но сите ги помниме мирисот на свежо испечено кафе, подготвено за да се сомеле. Нашите баби го правеле тоа во рачните мелници за кафе, вртејќи ја рачката додека не се сомеле и последното зрно. После овој долг процес, секоја голтка од ароматичното кафе имаше посебна вредност и неодолив вкус.
Некои истражувања покажале дека кафето што го купуваме во продавница не е чисто кафе, туку дека содржи сурогати, како што се јачмен, ’рж, засладувачи, пченица, соја, пченка, па дури и грашок. Тие му се додаваат на кафето за да добие маса. Иако се работи за житарици што не можат да ни наштетат, ова сознание е неприфатливо за вистинските љубители на кафето. Па, доколку сакате да уживате во шолја одлично кафе, ќе мора малку повеќе да се потрудите. Нашите баби отсекогаш знаеле дека понекогаш мора да го направат тоа…
Мудроста на најстарите е бесценета! Прочитајте ги следниве 10 трикови од нашите баби и дедовци кои сè уште функционираат.