Нашиот мозок има „центар за празници“ кој објаснува зошто ги сакаме празниците

Нашиот мозок има „центар за празници“ кој објаснува зошто ги сакаме празниците

Дали некогаш сте се запрашале како му изгледаат празниците (слатките сеќавања од минатото, удобната атмосфера и можноста за подароци) на вашиот мозок? Изгледа дека нашиот мозок има „центар за празници“, барем според едно мало истражување спроведено во Данска во 2015-та година.

Нашиот мозок има „центар за празници“ кој објаснува зошто ги сакаме празниците

Истражувањето укажува дека кај некои од нас има 5 поврзани делови од мозокот кои покажуваат одредена активност кога размислуваме или искусуваме празници или нешто поврзано со нив. Ова можеби објаснува зошто овој период околу празниците ни изгледа поинаков од останатиот дел од годината, особено ако навистина ги следите и им давате емоционално значење.

Истражувањето било спроведено од страна на научниците во Универзитетот во Копенхаген. Учествувале 20 испитаници кои го прославувале Божиќ на различен начин. Важно е да се спомене дека испитаниците не следеле празнични традиции поврзани со друга религија освен со христијанството.

Половина од луѓето имале строги божиќни традиции, додека 10 од нив доаѓале од семејства и места каде што воопшто не се прославувал Божиќ. Важно е да се спомене дека Данска има силна културна традиција за прославување на Божиќ, до тој степен што празникот е како национален идентитет на државата.

На испитаниците им била направена магнетна резонанца, со која се набљудува електричната активност на мозокот, додека гледале слики кои или биле поврзани со Божиќ или биле сосема обични. Научниците сериозно забележале дека пред истражувањето не била консумирана „божиќна“ храна.

Целта на истражувањето било да се открие како искуствата поврзани со Божиќ влијаат на мозокот, особено кај луѓето кои навистина му се посветуваат на празникот.

Очигледно, истражувањето не е направено премногу сериозно, но сепак открило некои навистина интересни работи за влијанието на Божиќ врз мозокот на оние на кои не им недостига божиќниот дух.

Двете групи покажале зголемена активност во примарниот визуелен кортекс кога гледале слики со божиќни мотиви. Овој дел од мозокот се користи за поголемиот дел од процесирањето на сликите. Имало пет области каде што се покажала активност само кај испитаниците кои го сакале Божиќ.

Иако може да биде навистина тешко да се одреди точната работа на некој дел од мозокот, научниците што ги правеле скенирањата имаат неколку теории. Едниот дел од мозокот што се активирал кај фановите на празникот, е одговорен за одредување на личната трансценденција, лична карактеристика која е поврзана со духовноста. Луѓето кои го гледаат Божиќ како религиозен или духовен празник, ќе покажат активност овде. Другите делови се одговорни за реагирање на сеќавањата за емоциите и постапките на другите, и препознавање на емоциите и добивање информации од изразот на лицето. Центарот за празници на мозокот се сеќава на среќните моменти со семејството и пријателите, па предизвикува убаво чувство.

Важно е да запомните дека истражувањето е сепак многу мало за да даде резултат за поголем број луѓе. Покрај тоа, биле набљудувани само реакциите на Данци. Британците, Американците или ние можеби би реагирале поинаку. Сепак, интересно е што еден обичен празник може да има такво големо влијание на мозокот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар