Нашата омилена боја зборува за нашите потреби

Нашата омилена боја зборува за нашите потреби

Автор: Алисија Колевска

Бојата која најмногу ја сакаме зборува за нашите најдлабоки, а често и несвесни потреби.

Нашата омилена боја зборува за нашите потреби

Црвена – Вашата потреба е да постигнете физичко исполнување и искусување на животот низ петте сетила.

Портокалова – Вие имате потреба да бидете во друштво на луѓе, да се социјализирате со нив и да бидете прифатени и почитувани како дел од групата. Исто така имате потреба од постојани предизвици во вашиот живот, било тоа да се физички или социјални.

Жолта – Имате потреба од логички ред во секојдневниот живот. Сакате да ја изразувате својата индивидуалност со користење на логиката, да давате нови идеи и да ги инспирирате другите.

Зелена – Вие имате потреба да сакате и да бидете сакани и да се чувствувате безбедно. Ви треба одобрување и благодарност од другите за секојдневните работи што ги правите за нив.

Сина – Вие сте во потрага по внатрешен мир, како и по вистината. Сакате да го живеете својот живот во согласност со вашите идеали и верувања, без да ја менувате вашата нефлексибилнa гледна точка на животот со цел да ги задоволите другите.

Индиго – Вашата најдлабока потреба е да се чувствувате поврзани и во хармонија со универзумот и да бидете прифатени од другите како свесно и интуитивно духовно битие.

Виолетова – Имате потреба од емоционална сигурност и создавање на ред и совршенство во сите области на вашиот живот, вклучувајќи го и духовниот. Исто така имате длабока потреба да иницирате и да учествувате во хуманитарни проекти и да им помагате на другите во неволја.

Розова – Вашата најдлабока потреба е да бидете прифатени и сакани безусловно.

Тиркизна – Вашата потреба е да создадете емоционална рамнотежа во вашиот живот, да можете да ги изразите своите надежи и соништа, без разлика колку се идеалистички и да успеете во животот на свој начин, според сопствените услови.

Магента – Вие не сте конформист и гледате на животот од поинаква гледна точка.

Кафеава – Вашата најдлабока потреба е за сигурно, безбедно, едноставно и удобно постоење со поддршка на семејството и пријателите.

Црна – Вашата потреба е да имате моќ и контрола со цел да ја заштитите вашата емоционална несигурност.

Бела – Вашите потреба е да се создаде едноставност во вашиот живот и да се бидете независни и самобитни, така што нема да зависите од некој друг.

Сива – Вие сте мирни, сталожени и имате тенденција да се прилагодувате на другите само за да го зачувате мирот.

Сребрена – Вие сте инспиративни и проникливи и имате потреба од духовно исполнување во вашиот живот.

Златна – Зрачите со харизма и индивидуалност. Оставате печат. Сакате луѓето околу вас да се чувствуваат опутено и вредно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар