Народни верувања за април: Што нè очекува и какви се луѓето што се родени овој месец?

Народни верувања за април: Што нè очекува и какви се луѓето што се родени овој месец?

Април е најмногу познат по велигденските празници, но тој исто така е познат и како првиот месец во годината што носи ведри денови, песни, шеги и игри. Токму поради тоа за многумина е и еден од најубавите месеци. Ако им верувате на народните мудрости, тогаш вреди да ја запомните онаа што вели дека свадбата во април е најдобриот начин да го започнете вашиот брак. За сите парови што годинава ќе го сторат тоа – ве очекува големо уживање!

Народни верувања за април: Што нè очекува и какви се луѓето што се родени овој месец?

Ако разговарате со постарите, тие можат многу да ви откријат за овој месец. Иако голем дел од овие верувања не се научно докажани, сепак дел од нив се базирани на факти. Па, што нè очекува овој месец и како тој влијае на следниот?

  • Ако април е убав, мај е лош
  • Ако април е врнежлив, тогаш целото лето ќе биде подобро
  • Априлските дождови се благослов, а мајските уште поголем
  • Со други зборови, ако врне во април, сè ќе расцвета во мај
  • Врнежливиот април значи сув јуни
  • Ведрите ноќи во април се лоши за овошјето и виното
  • По априлските грмотевици нема веќе мраз
  • Колку април е потивок и поубав, толку мај е полут и побесен
  • Колку порано расцути сè во април, толку порано ќе биде жетвата во јуни

А што е со родените во месец април? Тие најчесто се со ведар дух, вредни и добронамерни. Склони се на шегување (сепак Денот на шегите е во нивниот месец), дури и ако тоа значи смеење на своја сметка. Тие се омилени во друштвото затоа што обожуваат да се забавуваат, а чувањето тајни им е посебна специјалност. Исто така умеат да бидат и тврдоглави, па често не слушаат совети, дури и кога тие се добронамерни. Што се однесува до здравјето, тие треба да внимаваат на болестите на цревата, како и на главоболките.

Да се потсетиме и на народните верувања за февруари и март


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар