Напуштениот остров во средината на Њујорк

Напуштениот остров во средината на Њујорк

Помеѓу Бронкс и островот Рајкерс, во Источната Река постои мало парче земја познато како островот Северен Брат. Овој остров е многу мал, зафаќа површина од околу 400 метри x 250 метри. Заедно со својот помал придружник, островот Јужен Брат, тие опфаќаат околу 81.400 метри квадратни. Видете ги островите на „Google Maps“.

Напуштениот остров во средината на Њујорк

Северниот Брат бил ненаселен сè до 1885 година, кога болницата Риверсајд од островот Рузвелт се префрлила таму. Според Википедија:

„Болницата Риверсајд била основана во 1850-тите години како болница специјализирана за мали сипаници во која се изолирале и лекувале жртвите на оваа болест. Нејзината мисија со тек на време се проширила и за други болести за кои има потреба од карантин. Болницата се затворила околу 1938-та година.

Во 1950-тите се отворил центар за адолесценти зависни од дрога. Се верува дека овој објект бил првиот во кој се правеле третмани, рехабилитација и едукација за младите зависни од дрога. Островот бил повторно напуштен кога почнало да снемува простор за сместување на пациентите.

Денес овој објект е прибежиште за птици, а островот е целосно напуштен и забранет за посета. Повеќето од оригиналните градби на болницата сè уште стојат, но се во голема опасност да се срушат. Густа шума ги крие срушените објекти каде што од 1980-тите па до пред неколку години се наоѓала една од најголемите колонии на ноќниот жерав со црн клун. Но, во 2011-та, од сè уште непознати причини, овој вид го напушти островот“.

Со месеци Виктав постирал фотографии од овој остров на „Imgur“. Тој вели дека заедно со неговиот пријател отишле со кајак до островот Северен Брат и поминале 3 часа истражувајќи и документирајќи го. Погледнете дел од неговата колекција на фотографии.

Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк Напуштениот остров во средината на Њујорк

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар