Претходно
Направи сама: Топла, тренди и шик плетена лента за коса од стар џемпер
Дојде зима, што значи дека ги пронајдовме нашите капи, шалови и ракавици. Овие модни додатоци ќе нè заштитат од студот, но воедно ќе го разубават и нашиот моден стил. Ако сте личност која не сака капи, сигурни сме дека наместо нив носите штитеници за уши или волнени ленти, бидејќи нешто мора да ја штити вашата глава и уши од температурите под нулата и студениот ветар. Па, ако сакате нова лента за коса, а имате стар џемпер со кој не знаете што да направите, тогаш имаме сјаен предлог за вас! Направете го сами овој симпатичен моден додаток за коса со голема панделка, која го прави оригинален и уникатен.