Направи сам: Новогодишно декорирани шишиња со алкохол

Направи сам: Новогодишно декорирани шишиња со алкохол

Вака декорираните шишиња со алкохол се интересен и забавен начин алкохолот да се зачува студен дури и кога не е во фрижидер, а покрај тоа додава и новогодишна магија на забавата.

Направи сам: новогодишно декорирани шишиња со алкохол

Потребни материјали:
  • Шише со алкохол (вотка, џин, текила и сл.) од 700 мл
  • Ливчиња, гранчиња, тревки, ситни шумски плодови
  • Пластично шише со малку поголем дијаметар од она со алкохолот
Начин на изработка:

Исечете го горниот дел од пластичното шише и во него ставете го стакленото шише со алкохол. Потоа во просторот помеѓу двете шишиња ставете тревки, ливчиња, гранчиња, ситни шумски плодови или што било друго што ќе ви падне на памет. Дополнете со вода и распоредете ги сите декоративни материјали рамномерно по површината на стакленото шише. Ставете ги двете шишиња во замрзнувач и чувајте ги таму додека да замрзне водата. Потоа останува само уште од пластичното шише да го одвоите стакленото, на кое ќе бидат замрзнати сите интересни материјали.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар