Направете варени јајца во облик на срце
Ова е одличен кулинарски трик кој можете да го примените доколку подготвувате романтична вечера за саканиот или саканата.
1. Најпрво сварете ги јајцата ставајќи ги во зовриена вода 5-10 минути.
2. Потоа излупете ги. Земете долгнавесто парче картон од амбалажа за млеко, која претходно сте ја измиле. Превиткајте го картонот на половина по должината и јајцето сместете го на средина.
3. На горниот дел, точно на средината ставете чист молив или кинеско стапче. Со две ластичиња прицврстете од двете страни на картонот и оставете го јајцето така 10 минути.
4. Потоа отстранете ги ластичињата, стапчето и картонот и вашето љубовно јајце е готово. Пресечете го на пола и ќе видите дека и белката и жолчката се во форма на срце. Сервирајте со некоја убава салата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.