Претходно
Направете убави шарени алки од обично пластично шише
Кога ќе погледнете колку е лесно, веднаш ќе посакате да направите неколку алки за вашите деца или за децата на вашите пријатели.
Потребни материјали:
- Пластично шише
- Селотејп
- Ножици
- Пегла
- Лакови за нокти
Постапка:
- Околу шишето облепете селотејп, онолку колку што треба во зависност од тоа колку сакате алката да биде широка.
- Пресечете го шишето над и под селотејпот така што ќе ви остане само парчето кое е облепено.
- Одлепете го селотејпот од пластиката.
- Земете ја пеглата, исклучете ја пареата и ставете на средна топлина.
- Земете го парчето од шишето кое веќе наликува на алка, и нежно допирајте го на пеглата додека постојано го вртите во круг (како што е прикажано во видеото). Повторете го ова и од другата страна.
- Откако ќе ја добиете посакуваната форма, бидете креативни со лаковите за нокти боејќи по внатрешноста на алката.
Едноставно, нели?