Направете сами: Здолниште со висок струк од стара ролка

Направете сами: Здолниште со висок струк од стара ролка

Здолништата со висок струк совршено ја нагласуваат женската силуета, ги издолжуваат нозете и можете да ги комбинирате со најразлични парчиња облека со цел да го постигнете оној изглед кој најмногу одговара на вашиот стил. Можете да ги носите на работа, на прошетка, во комбинација со патики, балетанки или високи потпетици. Токму затоа ако во вашиот шкаф сè уште немате здолниште со висок струк, земете една од старите ролки кои веќе не ги носите и со помош на овој туторијал трансформирајте ја во ова одлично парче облека.

(1) Направете сами: Здолниште со висок струк од стара ролка

За изработка на здолништето ќе ви бидат потребни:

  • Ролка од растеглив материјал
  • Ножици
  • Игли
  • Конец во иста боја како ролката
  • Машина за шиење

Чекор 1 – Поставете ги иглите на работ од ракавите, по чија линија ќе шиете.

(2) Направете сами: Здолниште со висок струк од стара ролка

Чекор 2 – Превртете ја ролката наопаку и почнете да шиете.

(3) Направете сами: Здолниште со висок струк од стара ролка

Чекор 3 – Откако ќе завршите со шиењето, тргнете ги иглите.

(4) Направете сами: Здолниште со висок струк од стара ролка

Чекор 4 – Исечете ги ракавите, по линијата на шиеното.

(5) Направете сами: Здолниште со висок струк од стара ролка

Чекор 5 – Вашето ново здолниште е подготвено за носење.

(6) Направете сами: Здолниште со висок струк од стара ролка


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар