Направете сами: Уникатен букет од цвеќиња
Цвеќињата се најубавиот подарок што можете да го подарите или да го добиете, а одговараат и за секоја прилика. За да имате прекрасен и креативен букет, не мора да трошите голема сума пари, туку бидете креативни и направете го сами.
Еве што ви е потребно:
- Тиква
- Цвеќе
- Сунѓер за аранжирање цвеќиња
- Конзерва или мала саксија
- Нож
Постапката е следна:
1. Одберете тиква со големина по ваша желба и обележете место за конзервата. Внимавајте таа да биде доволно голема за во неа да застанат цвеќињата, но и да можете да ја ставите во тиквата.
2. Потоа, со лажичка исчистете ја тиквата така што ќе можете да ја ставите конзервата внатре, а извадете ги и семките од средината.
3. Исечете сунѓер наменет за аранжирање цвеќиња и исполнете ја внатрешноста на конзервата, па натопете го во малку вода. Ставете ја конзервата во тиквата.
4. По ваша желба редете ги цвеќињата едно по едно во средината на сунѓерот. Најдобро е во средината да ставите цвеќиња со подолго стебло, а на краевите со пократко. Изберете цвеќе кое ви се допаѓа или пак кое моментално ви е достапно. Додајте неколку листови и стебленца за да постигнете поубав изглед.
5. Сега кога вашиот букет е готов може да го подарите на вашите најмили или пак да го изложите во вашата соба и да уживате во вашето креативно дело.