Направете сами: Топли ракавици кои нема да ве спречуваат да го користите вашиот смартфон
Подарокот кој сте го направиле сами е секогаш подобар од оној за кој сте платиле. Тој има многу поголемо значење. За да ви помогнеме во оваа задача, решивме да го споделиме со вас ова одлично видео кое ќе ви покаже како да го направите совршениот зимски подарок за сопствениците на смартфони.
Единствениот проблем со кој се соочуваме за време на студените денови е недостатокот на одговор од екраните на нашите уреди додека носиме ракавици. Но, со помош на овој едноставен трик, вие ќе можете без прекин да го користите вашиот смартфон додека истовремено прстите ви се на топло. Сè што ви е потребно се дебели ракавици и метален конец. Погледнете го видеото за подетално упатство.