Направете сами: Шатор за вашата мачка

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Покажете ѝ дека се грижите и израдувајте ја вашата мачка така што ќе направите самите прекрасен и необичен шатор за неа. Можеби нема да ви признае дека ѝ се допаѓа, но не изненадувајте се, тоа не е во природата на мачките. Сепак, тоа не значи дека нема да ужива! Испробајте ја оваа идеја и погледнете како ќе реагира.

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Потребни материјали:
  • Маица со средна големина
  • Картон со димензии од околу 40×40 сантиметри
  • Жица (може и закачалка)
  • Широка леплива трака
  • Безопасни игли
  • Алат со кој ќе ја исечете жицата (клешти или слично)
Начин на изработка:
Исечете ја жицата

Ако користите закачалки, тогаш отсечете ги држачите со кои се закачува закачалката.

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Свиткајте ја жицата и зајакнете го картонот

Свиткајте ја жицата така што ќе има полукружен облик и ќе се протега од едниот до другиот спротивен (дијагонален) агол на картонот. Трудете се и двете жици да добијат ист облик. Сега треба да го зајакнете картонот. Ако е потребно, залепете со леплива лента.

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Направете дупки во аглите на картонот

За правење на овие дупки можете да ги користите отсечените држачи од закачалките. Настојувајте дупките да се барем 1,5 сантиметри оддалечени од краевите на картонот и да не бидат премногу големи.

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Спојте ги жиците

Вкрстете ги жиците, пазејќи сите четири краеви да лежат на рамна површина. Со лента добро измотајте го местото каде што се пресекуваат, за да не се мрдаат. Вметнете ги краевите низ дупките кои ги направивте на аглите на краевите.

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Направете сами: Шатор за вашата мачка

Продолжете на следната страница за останатите инструкции…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар