Направете сами: Рецепти за домашен сапун

Направете сами: Рецепти за домашен сапун

Многу луѓе денес повеќе веруваат во рачно изработените сапуни, отколку во индустриските. Вистина е дека индустриските пријатно мирисаат и убаво се спакувани, но се поставува едно клучно прашање: Како тие влијаат на вашата кожа? Често може да се сретнат личности на кои од овие сапуни им се појавуваат различни алергиски реакции или пак, им се суши кожата.

Направи сам: Рецепти за домашен сапун

Но, освен што е потреба, правењето домашни сапуни е бизнис-хоби со кое се занимаваат многу луѓе, нудејќи ја својата рачна изработка, а притоа од истата заработуваат. Најубав дел во целата оваа приказна е тоа што вие самите можете да си изберете состојки и мириси кои ги сакате, а нивната изработка е многу лесна и истата можете да ја видите во продолжение.

Домашен сапун од комбинација на масла

Потребни состојки
  • 350 милилитри палмово масло
  • 350 милилитри маслиново масло
  • 89,5 грама сода бикарбона
  • 230 милилитри вода
  • 10 милилитри етерично масло (по желба)
Начин на подготовка

1. Мешајте ги водата и сода бикарбоната додека не се стопат.

2. Соединете ги сите масла во еден сад и загрејте ги за да се измешаат.

3. Многу е важно стопената сода бикрбона и измешаните масла да бидат на иста температура, па дури потоа можете да ги соедините.

4. Потоа, смесата мешајте ја со блендер додека не стане густа и изедначена. После оваа постапка, веќе ја имате добиено основата за сапун.

5. Во основата за сапун можете да додадете етерично масло по желба (од лаванда, еукалиптус и слично), а исто така слободно можете да додавате и каква боја сакате. Што се однесува до мирисот, можете да го постигнете така што ќе користите екстракти, како на пример од ванила.

6. По додавањето на сите сакани состојки, потребно е да ја разделите смесата во различни калапи и да чекате еден ден. По 24 часа, сапунот ќе може да се извади од калапите, но потребно е да го оставите да „созрее“, што би се случило после 4 до 6 недели по правењето.

Направи сам: Рецепти за домашен сапун

Домашен сапун од глицерин

Потребни состојки:
  • 500 грама глицерин (цврст или течен)
  • Етерични масла (по желба)
Начин на подготовка:

1. Доколку имате купено цврст глицерин, тогаш исечете го на коцки, ставете го во сад и во микробранова за да се стопи. Со течниот глицерин процесот е ист. Ставете го во 2 чаши од 2 децилитри во сад и потоа во микробрановата.

2. Глицеринот се топи на 40 секунди на највисока температура. По 40 секунди, извадете го садот, измешајте го глицеринот и вратете го повторно уште 10 секунди.

3. Кога ќе се стопи и изедначи, во него можете да додадете етерично масло, делови од растенија или што друго и да посакате (на пример можете да додадете и одредена боја).

4. Откако ќе ги измешате сите состојки, потребно е да ги оставите да отстојат, за да се подигнат меурчињата собрани во сапунот.

5. Кога ќе се направи тоа, смесата испрскајте ја со алкохол кој ќе ги уништи меурчињата.

6. Готовата смеса ставете ја во калапи и оставете ја добро да се олади. Најдобро е да ја ставите во фрижидер, бидејќи на овој начин полесно ќе можете да го извадите сапунот.

Направи сам: Рецепти за домашен сапун

Доколку сте загрижени поради опасните хемикалии во производите, тогаш погледнете како во домашни услови да направите природен и здрав шампон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар