Направете сами: Разнобојна и уникатна шолја за вашето утринско кафе

Направете сами: Разнобојна и уникатна шолја за вашето утринско кафе

Доколку ви здосадија обичните бели шолји за кафе и сакате да внесете малку уникатност во пиењето на вашето утринско кафе, тогаш дефинитивно би требало да го погледнете овој едноставен туторијал. Сè што ви е потребно е: керамичка шолја, лак за нокти, топла вода, чепкалка за заби и доволно длабок пластичен сад во кој ќе може да ја собере целата шолја.

Направете сами: Разнобојна и уникатна шолја за вашето утринско кафе

Прво наполнете го садот со топла вода, а потоа сипете неколку капки лак во него. Откако ќе го сторите тоа, мора да бидете брзи бидејќи лакот ќе почне да се суши. Со помош на чепкалката за заби измешајте ги боите во водата и креирајте некоја интересна форма. Потоа земете ја шолјата и нежно потопете ја во водата. Држете ја така неколку секунди и веднаш повлечете ја надвор. Резултатот е магичен. Погледнете!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар