Направете сами преубав божиќен венец - Part 2

Направете сами преубав божиќен венец

3. Наредете ги растенијата цврсто и малку под агол, така што следните групи гранки да се преклопуваат со претходно поставените. Ова ќе ги сокрие жиците. Обидете се да ги врзете гранките не само одозгора, туку и од страните од кругот, создавајќи густ, рамномерен венец. Нежно поставете ги последните растенија прицврстувајќи ги под гранките поставени на почетокот.

Проверете дали сите гранки се рамномерно распоредени и гледајте да нема празнини.

4. Следниот чекор е да ги поставите свеќите на венецот. Користете градинарски ножици за да исечете жица или чепкалки за заби со должина од околу 5-6 см. Ќе ви бидат потребни 4 вакви парчиња за секоја свеќа. Потоа, ставете ги свеќите на венецот на дванаесет, шест, девет и три часот. Притиснете нежно за да ги набиете жиците на зелената основа и стиропорот.

5. На крајот останува само да го украсите венецот. Избраните украси залепете ги со силиконско лепило.

Готовиот венец традиционално се става на видливо место – на пример, на масата или може да го прикачите со лента на плафонот.

Доколку сакате да изработувате рачни украси и уживате во магијата на празничниот период, можеби ќе сакате да дознаете и како да направите новогодишна елка од тестенини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар