Направете сами: Преслатки снешковци како декорација во вашите домови
Сè што ќе ви биде потребно е малку време, внимание и креативност за да донесете насмевки на лицата на вашите најсакани.
Мајките се хероини. Една мајка сподели со нас што направила во својот дом за да си ги израдува децата, и ние со ќеф ви го пренесуваме вам. Доколку имате малку време, ножички, лепак и материјали, овие преслатки и фацести снешковци ќе станат дел од новогодишните декорации во вашите домови.
Потребно (за 2 снешковци):
- 2 м бела салфетка (се наоѓаат во цвеќарите)
- 60 цм црвена салфетка
- 30 цм црна салфетка
- 2 новогодишни или зимски капчиња
- Памук
- 2 гранчиња од зимзелено дрво (природни или вештачки)
- Ножици
- Силен лепак
- Игла и бел конец
1. Најпрво од црната салфетка исечете копчиња, очи и веѓи за снешковците.
2. Од црвената салфетка исечете два шалови и две ленти, како и уста и нос за двата снешковци.
3. Од белата салфетка се сечат одделно двата метри (за еден снешко е потребен 1 метар). Земете ја салфетката и преклопете ја на пола (во висина). Со игла и конец зашијте го долниот дел и едната страна. Сега белата салфетка треба да изгледа како вреќа.
4. Наполнете ја вреќата со многу памук. Наместо памук може да ја искористите внатрешноста на стара перница која нема да ви биде потребна.
5. Со лента од салфетките, украсна лента или конец внимателно врзете ја вреќата на врвот.
6. Со лентата од црвената салфетка заврзете го долниот дел од вреќата (за да изгледа како најдолната топка снег). Со подолгата лента наменета да изгледа како шал, врзете ја вреќата погоре, со што ќе разделите уште една топка а истовремено ќе изгледа како шал на снешкото.
7. Внимателно залепете ги копчињата, очите, веѓите, устата и носот.
8. На шалот (по избор) ставете едно зимзелено гранче.
9. За крај, ставете му капа на снешкото, која може да ја зашиете со игла и конец за да не паѓа.
10. Истата постапка повторете ја за да го направите другиот снешко. Доколку имате плус материјал, може да направите повеќе снешковци во различни големини.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.