Претходно
Направете сами: Прекрасна слика со помош на вашето семејство
Денеска ќе ви презентираме еден интересен „направи сам“ фамилијарен проект, кој ќе ви остане како драг спомен и убав украс за домот. Ќе ви бидат потребни едно платно за сликање, неколку пастелни бои и дланките на сите членови на вашето семејство.
Нацртајте стебло и потоа секој од семејството нека направи отпечаток од својата дланка со различна боја. Откако ќе го направите вашето семејно дрво, можете да напишете и некоја убава порака и да ја урамите прекрасната слика.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.