Направете сами: Практична палета кармини
Кармините се еден од омилените мајкап производи на понежниот пол, а веруваме дека ги имате во повеќе бои и нијанси и дека секој ви е подеднакво драг. Но, исто така сигурни сме и дека барем еднаш ви се има случено онаа мала катастрофа, вашиот омилен кармин, кој одвај сте го пронашле и внимателно го користите само за „посебни прилики“, да се скрши! Никако не помислувајте да го фрлите, бидејќи постои сјаен трик со кој ќе го направите уште попрактичен. Во продолжение ќе ви откриеме како на брз, лесен и забавен начин да направите своја палета кармини, која ќе биде доста практична, каде сите нијанси ќе ги имате прегледно распоредени, па лесно ќе можете да ја изберете посакуваната за вашиот изглед.
Потребни материјали:
- Стари кармини
- Лажица
- Запалка
- Пластична кутија со прегради (можете да ја најдете во поголемите маркети)