Претходно
Направете сами: Освежувач за воздух со кој ќе го внесете мирисот на зимата во вашиот дом
Зимското расположение владее низ целиот град. Но, што е со вашиот дом? Доколку ви фали онаа зимска магија во вашиот топол дом, ние имаме брза и одлична идеја со која за само неколку минути ќе го повикате потребното расположение. Уживајте!
Потребни состојки:
- 3 стапчиња цимет
- 1 исечкан портокал
- 30 грама оревчиња
- 30 грама каранфилчиња
- 100 грама брусници
- Гранче рузмарин (по избор)
Подготовка:
Наполнете еден сад со 2-3 чаши вода, па ставете ги сите состојки. Истите гответе ги на тивок оган и додавајте вода по потреба, за освежување. Брзо ќе забележите дека целата просторија се исполнува со прекрасна миризба. Уживајте!