Направете сами: Од досадно до шик здолниште за само неколку минути
Секоја од нас одвреме-навреме сака да ја освежи својата гардероба. Тоа не значи дека треба да купуваме нови парчиња облека, туку можеме едноставно и со минимален трошок да го промениме изгледот на нашата стара облека и да добиеме потполно нов, шик изглед. Затоа денес ви претставуваме една идеја за токму таков „направи сам“ проект. Погледнете го упатството и дознајте како на старото досадно здолниште да му додадете дискретни украси кои потполно ќе го променат неговиот изглед.
Потребен материјал:
- Здолниште
- Пулејки и декоративни камења
- Конец во боја како пулејките
Овој „направи сам“ проект е доста лесен, бидејќи сè што ви е потребно е малку вештина со игла и конец.
1. Наредете ги пулејките во посакуваниот распоред и една по една пришивајте ги на здолништето.
2. Обидете се сите да ги зашиете со еден потег, без повторување на конецот врз пулејките, бидејќи така тие ќе изгледаат многу уредно и убаво.
3. Немојте премногу да го затегнувате конецот за да не го зберете и на тој начин да го уништите здолништето. Затегнете доволно за пулејките убаво да „легнат“ врз материјалот.
Овие дискретни детали ќе направат една голема промена на здолништето, дури и кога се во иста боја како и самиот материјал.
За повпечатлив изглед можете да користите пулејки во некоја контрастна боја.