Направете сами: Обвивки од пчелин восок за чување храна

Направете сами: Обвивки од пчелин восок за чување храна

Ако секој ден го пакувате вашиот ручек или можеби оброкот за вашите деца за во училиште или градинка, свесни сте дека секогаш употребувавте најлонски кеси, кои многу брзо завршуваат во ѓубре. Пакувањето за еднократна употреба дефинитивно е лесно, но не е еколошка опција. Воведување обвивки од пчелин восок е многу попаметно решение. Тие се перат со чиста ладна вода и благ детергент (топлата вода ќе го раствори восокот).

Направете сами: Обвивки од пчелин восок за чување храна

Препорачливо е да ги користите за да ја покриете храната што ја јадете во рок од неколку часа или следниот ден, како што се сендвичи или парчиња овошје. За подолготрајни остатоци или храна како што се сирењето и месото, подобро е да користите стаклени или пластични контејнери за повеќекратна употреба. Имајќи го тоа на ум, еве како можете да направите свои обвивки од восок со само неколку состојки и рерна.

Потребни состојки:

  • пчелин восок во гранули
  • 100% памучна ткаенина
  • ножици
  • четка
  • хартија за печење
  • плех за печење
  • закачалка
  • штипки за облека или клипови

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на најниска температура. Исечете ја ткаенината во големина што ќе се вклопи во вашиот плех за печење. За да направите обвивка, користете парче ткаенина со димензии 17 х 35 центиметри, а квадрат од 35 х 35 ќе биде доволен за сендвичите.
  2. Поставете хартија за печење во плехот и ставете ја ткаенината одозгора. Ако вашата ткаенина има само едно лице, ставете го делот со дезен надолу. Користете ново парче хартија за печење секогаш кога правите нова обвивка.
  3. Рамномерно распоредете ги гранулите од пчелин восок. Не заборавајте да ставите и на рабовите.
  4. Ставете ја обвивката во рерна околу 4-8 минути. Кога гранулите ќе се растворат целосно, извадете ја обивката и раширете го восокот рамномерно низ целата ткаенина со четка. Восокот ќе се залепи за четката, затоа користете ја онаа што потоа ќе ја фрлите или ќе ја користите кога ќе правите други обвивки.
  5. Внимателно отстранете ја ткаенината од плехот за печење. Ткаенината треба да биде ладна на допир. Закачете ја ткаенината да се исуши на закачалка.

Можеби ќе сакате да направите и тонер за лице од рози.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар