Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

Одличен и многу креативен начин како од вашите стари ланчиња да си направите ново. Нема да ви одземе многу време, ви треба само трпение и желба за старото да го претворите во ново. Зошто би ги фрлале старите парчиња накит кои ни здодеале или излегле од мода, кога самите можеме од нив да направиме нешто ново, модерно и употребливо.

Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

Потребни материјали:

  • околу 30 см ланче со некаква декорација
  • околу 90 см тенок ланец, пресечен на три делови
  • 3 клопчиња конци во различни бои
  • Ножички

Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

Поставете два дела од потенкиот ланец еден до друг. Исечете околу 120 см од еден од конците и врзете го дупло на едниот крај од ланецот, како на сликата.

Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

Конецот кој ви остана врзете го за крајот од другиот ланец. Продирајте го конецот наизменично во двата дела од ланецот, потоа врзете го на крајот.

Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накитНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

До двата врзани ланци поставете го и третиот, најмал дел.

Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

Со конец во друга боја, врзете го крајот на третиот ланец, и повторете ја постапката, со што ќе го поврзете со останатите два. Заврзете го на крајот.

Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

Ланчето, кое би требало да биде еднакво по должина со третиот ланец, поставете го веднаш до него.

Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

Со третиот конец, внимателно врзете го ланчето со веќе поврзаните делови, како што е прикажано на сликата. Додека го врзувате со конецот, поставете го ланчето во заоблена положба, како да е веќе ставено на нечиј врат, со цел да не се витка и деформира.

Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накитНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

Со конец врзете ги двата краеви на ланчето, за да ги споите сите конци кои останале од врзувањата.

Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накит

Вашете ново ланче е готово и спремно да оди со вашата омилена комбинација на облека.

Направете сами: Ново ланче од вашиот стар накитНаправете сами: Ново ланче од вашиот стар накит


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар