Претходно
Направете сами миризливи потпури: Природен и декоративен освежувач за домот
Не само што ќе го освежите вашиот дом, туку и визуелно ќе го разубавите
Потребни состојки:
- Кора од портокал
- Кора од лимон
- Неколку листови од миризливо растение (рузмарин, босилек, темјан…)
- Етерично масло
- Цимет
Начин на подготовка:
Сè што треба да направите е да ги исушите корите од портокалот и лимонот, па да им додадете неколку миризливи листови од растение по ваш избор и да ставите неколку капки етерично масло, повторно со миризба по ваш избор. Додајте и цимет. Ако сакате можете да додадете и некој друг плод чија миризба ви се допаѓа.
Оваа комбинација од состојки можете да ја ставите во филтер кесички за чај или декоративни платнени кесички кои потоа можете да ги наредите во шкаф, на полици или под вашата перница за пријатно миризливо изненадување.