Претходно
Направете сами: Миризлива свеќа во школка
За да имате убав спомен од летото во вашата соба, одвојте 5 минути од вашето слободно време и направете си интересна свеќа во школка.
Потребни работи:
- школка
- парче парафин
- фитиљ
- етерично масло со мирис по ваша желба
Постапка:
1. На тивок оган, растопете го парафинот.
2. Откако парафинот ќе се стопи, истурете го во школката.
3. Капнете неколку капки од етеричното масло во топлиот парафин.
4. Фитиљот наместете го во средина и почекајте парафинот да почне да се стврднува.