Направете сами: Миризлива свеќа од ванила со зрна од кафе

Направете сами: Миризлива свеќа од ванила со зрна од кафе

Еве една оригинална и брилијантна идеја за сите љубители на кафето.

Направете сами: Миризлива свеќа од ванила со зрна од кафе

Сите страсни љубители на кафето, сега може да го вметнат и во домашниот декор. Комбинацијата на мирис од кафе и ванила е прекрасна. Само за кратко време ќе си направите нешто што навистина ќе му даде топлина на вашиот дом.

Потребно:
  • Голема свеќа со мирис на ванила
  • Цели зрна кафе
  • Силен лепак

Направете сами: Миризлива свеќа од ванила со зрна од кафе Направете сами: Миризлива свеќа од ванила со зрна од кафе

Процесот на подготовка е едноставен а резултатите фантастични. Едноставно земете ја свеќата, нанесете од лепакот и залепете ги зрната кафе.

Направете сами: Миризлива свеќа од ванила со зрна од кафе

За најдобро да нанесете од лепакот, ставете лепак на парче хартија и нанесете го на свеќата со прсти. Зрната кафе внимателно наредете ги на површината на свеќата со заоблениот дел нанадвор (а пресекот на зрното навнатре). Оставете малку празен простор околу врвот од свеќата.

Запалете ја свеќата и оставете малку да погори за да омекне восокот и врз мекиот восок притиснете неколку зрна кафе (како што е прикажано на сликата).

Направете сами: Миризлива свеќа од ванила со зрна од кафе Направете сами: Миризлива свеќа од ванила со зрна од кафе Направете сами: Миризлива свеќа од ванила со зрна од кафе

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар