Направете сами: Миризлив ѓердан
Ѓерданите се дел од накитот кои скоро секоја жена сака постојано да ги има на себе, па токму затоа откријте како да направите миризлив ѓердан за оние денови кога не сакате да ставите парфем.
Со помош на сукало израмнете парче глина и потоа со чаша или калап за колачи направете облик по ваш избор. Земете чепкалка за заби и направете мало дупче низ кое ќе поминува синџирчето кое треба да го поставите откако глината ќе се исуши. Откако ќе завршите со сè, сипете 2 капки од вашето омилено етерично масло врз него и за 1 час вашиот нов миризлив ѓердан ќе биде подготвен за носење.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.