Претходно
Направете сами: Мат лак за нокти во вашата омилена нијанса
Матираните лакови за нокти се одличен хит избор за овој период од годината. Го отстрануваат сјајниот ефект од ноктите, давајќи им мат ефект, кој делува мистично, заводливо и секси. Навистина може да се најдат и евтини лакови за нокти со мат ефект, но зошто да купувате нови, кога веќе можете да ги употребите оние кои ги имате или дури, да создадете сосема нови нијанси со помош на две работи кои веќе сигурно ги имате дома – пченкарен скроб и секни за очи.
1. Претворете го кој било лак во мат
Потребно ви е:
- Тацна за мешање
- Чепкалка за заби
- Саканиот лак за нокти
- Пченкарен скроб
Постапка:
- На тацната ставете малку од лакот за нокти.
- Настрана ставете малку пченкарен скроб и со чепкалката додавајте малку по малку. Не претерувајте со количината. Убаво измешајте ги двата елементи.
- Со апликаторот веднаш нанесете на ноктот во дебел слој и оставете да се исуши.
- По лакирањето, апликаторот добро исчистете го со ацетон.
2. Претворете го проѕирниот лак во мат
Потребно ви е:
- Тацна за мешање
- Чепкалка за заби
- Проѕирен лак
- Мат сенка за очи
Постапка:
- Сенката за очи во прав истресете ја на тацната, а ако е во цврста состојба, иситнете малку од површината.
- Со апликаторот ставете малку од проѕирниот лак и со помош чепкалката добро измешајте го се сенката за очи додека не се соединат сосема.
- Нанесете го лакот со апликаторот и оставете да се исуши.
- По лакирањето, не заборавајте апликаторот добро да го очистите со помош на ацетон.