Направете сами: Маскара
Доколку сте љубители на природната козметика и сакате секогаш да знаете што точно ставате на лицето, тогаш ви препорачуваме да ја направите оваа домашна маскара.
Прво измијте една од старите кутии со маскара и четка и потоа оставете ги да се исушат. Во меѓувреме земете витамин Е и сипете го во чинија, а врз него додајте кокосово масло и восок. Растопете ги заедно на шпорет, а потоа во смесата додадете гел алое вера и 3 капсули активен јаглен. Добро измешајте, па со помош на пластична кеса претурете во сувата кутија за маскара. Погледнете подетално објаснување за постапката има во ова видео…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.