Направете сами: Масичка од гајби за вино
Доколку за домот ви е потребна масичка за кафе, нема потреба да фрлате многу пари купувајќи нова од салон за мебел. Со мала инвестиција и труд, можете да си направите одлична масичка за вашиот дом.
Потребни работи:
- 4 дрвени гајби
- 2 подолги летви
- 4 тркалца
- завртки
- темно кафена боја
- бормашина
Начин на изработка:
1. Гајбите наместете ги како на сликата.
2. Потоа измерете ги должината и ширината на споените гајби. Откако ќе го направите тоа, исечете ги летвите и направете рамка, која ќе ја искористите како основа на масичката.
3. Со помош на бормашина зацврстете ги гајбите со по неколку завртки. На основата прицврстете ги тркалцата и потоа зацврстете ја основата заедно со гајбите. Во централниот дел на масичката ќе ви се создаде празнина во која можете да прицврстите две летвички во средината.
4. Следен чекор е боење на целата дрвена површина.
5. Откако масичката ќе се исуши, наполнете ја средината со камчиња или тапи од вино и таа е спремна и целосно функционална.