Направете сами: Кармин од лижавчиња

Направете сами: Кармин од лижавчиња

Сте се соочиле ли со ситуација кога ќе вкусите одредени лижавчиња и истите ќе остават боја на вашите заби и усни? Повеќето ќе дадат потврден одговор. Но, дали некогаш сте помислиле оваа несакана последица да ја употребите како кармин? Доколку сега вашиот одговор е не, тогаш време е погледнете како да го направите тоа.

Направете сами: Кармин од лижавчиња

За подготовка на кармин, потребно ви е:
  • Неколку лижавчиња во боја
  • Пластична кеса
  • Чекан
  • Вода
  • Вазелин
  • Пакување од стар, истрошен кармин
Начин на подготовка:

Најпрво одвиткајте едно лижавче во каква боја сакате и ставете го во пластичната кеса. Потоа, земете чекан и удирајте по лижавчето кое веќе се наоѓа во кесата, сѐ додека не стане како прав. Ставете ја смесата во чаша и додајте малку вода, па промешајте. Земете вазелин, стопете го на 30 секунди во микробранова и префрлете го во друг сад, каде што потоа ќе ја додадете водата со растопеното лижавче. Промешајте, оставете да се замрзне, па повторно промешајте. Земете пакување од стар кармин кој веќе сте го истрошиле и ставете ја смесата внатре. Потоа, ставете го карминот во замрзнувач и почекајте.

Доколку сакате вашиот кармин да изгледа како блед сјај, тогаш можете веднаш да го користите. Но, ако сакате да има поинтензивна боја, тогаш потребно е да додадете боја за храна…

Звучи интересно, забавно, а и вкусно.

Погледнете го и видеото за подетално да ги видите инструкциите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар