Направете сами: интересен украс за вашиот дом
Автор: Александар Ниневски
Доколку имате слободно време и сакате малку да го разубавите вашиот дом, еве еден интересен предлог како да го направите тоа. Сигурно како мали сте правеле хартиени авиончиња, така што верувам дека ова ќе ви биде интересно.Ќе ви биде потребно:
- стари мапи (или стар атлас како што користевме порано на училиште)
- гранки од дрво
- украсна лента во боја
- жица
- конец
- селотејп
- ножички
- линијар
- молив
Накратко ќе опишеме чекор по чекор како да го направите.
1. Земете ја мапата, измерете и исечете 10 до 15 правоаголници со димензии 4х6 и 5х7 см.
2. Превиткајте го секој правоаголник во авионче, како кога бевте мали 😉
3. Исечете 10 до 15 кончиња со различна должина. Залепете го со лепило едниот крај од конецот со средината на секој авион. Потрудете се да бидете внимателни и да не се гледа лепилото за да изгледа поубаво.
4. Соберете ги сите гранки со скоро иста големина на куп како снегулка или ѕвезда и врзете ги со жицата, сè додека не почувствувате дека конструкцијата е стабилна.
5. За да се додаде малку боја, врзете ги украсните ленти во боја на средината на гранките и оставете ги така да висат.
6. Сега останува само да ги прикачите авиончињата како новогодишни лампиони и со помош на жица можете да го обесите овој украс во вашиот дом.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.