Направете сами: Едноставна висечка ламба во само 5 чекори
Оваа едноставна ламба со модерен дизајн е идеален декоративен детаљ за сечиј дом. За нејзината изработка нема да ви биде потребно ниту многу време, ниту многу пари, туку само малку труд и имагинација.
Потребен материјал:
- Машински шраф со должина од 6 до 12 милиметри
- Шестоаголни навртки кои одговараат на шрафот
- Маркер
- Скалпел
- Самолеплива лента
- Рамен и флексибилен материјал што не гори (посебни видови хартија, кожа, ткаенина, метална мрежа…)
- Кабел со врат за сијалица
Начин на изработка:
1. Исечете го материјалот за абажурот. Стандардната големина за изработка е 22х28 сантиметри, но можете да експериментирате и со други димензии.
2. Свиткајте го материјалот, а потоа со маркер обележете го местото на кое ќе го ставите шрафот. Конусот прицврстете го со самолеплива лента и исправете го доколку е потребно, за да не згрешите при правењето дупка за шрафот.
3. Одмотајте го материјалот, ставете го на рамна површина и направете дупка за шрафот. Потоа повторно свиткајте го, но сега околу кабелот.
4. Ставете го шрафот на обележаното место, затегнете го материјалот додека не го добиете посакуваниот облик, а потоа ставете ја навртката на шрафот за да го зацврстите дизајнот. Извлечете го кабелот од надворешната страна. Поставете ја сијалицата и задолжително проверете дали го допира абажурот.
5. Закачете го кабелот на посакуваното место и вашата нова висечка ламба е спремна за употреба.