Направете сами: домашен спреј против комарци
Топлото и убаво време, за жал си има и свои негативности. Кога зборуваме за малиот број негативни страни на летото мислиме на комарците. Во маркетите ќе најдете многу средства за заштита од комарци, но сите тие содржат хемикалии кои негативно влијаат на вашето здравје. Со цел да се заштитите од комарците, но и од хемикалиите во купечките средства за заштита, направете си домашен спреј против комарци.
Потребни состојки:
- 20 г свежи листови од босилок
- 10 капки есенцијално масло од босилок
- 120 мл зовриена вода
- 120 мл вотка
Во стаклен сад ставете ги листовите босилок, врз нив налејте ја зовриената вода и оставете ги да отстојат 3-4 часа. Отстранете го босилокот стискајќи ги листовите за да се исцеди водата од нив. Налејте ја течноста во шише со пумпа за прскање, додајте ја вотката и протресете. Доколку сакате подобар мирис може да додадете масло од босилок. За да се заштитите од убод на комарци напрскајте се по телото и минете ги летните ноќи на раат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.