Направете сами: бесконечен шал
Ова е навистина совршен зимски накит, за сите оние девојки кои сакаат да експериментираат со уникатни модни стилови. „Бесконечниот шал“ ќе ве загрева додека сте надвор, но и ќе ве украсува кога ќе го соблечете капутот. Многу едноставно можете сами да го изработите во неколку бои, па потоа можете да комбинирате и неколку шалчиња одеднаш, кои совршено ќе се вклопат во вашата зимска гардероба.
Следниов детален начин на изработка, ни го овозможува блогот pinkpistachio.com. Па ајде се фатиме за работа:

Употребете машка маица (боја по ваш избор), која нема странични рабови.

Пресечете со ножички од едната до другата подпазува.

Пресечете го долниот пораб на маицата (зачувајте го за подоцна).

Направете отсечоци дебели по 2.5 см, при што треба да ви излезат сѐ на сѐ од 15-17.

Продолжете да сечете од секој отсечок, до крајот на парчето ткаенина. (оставете околу 1.2 см неисечен дел на крајот).

Убаво растегнете ги сите „врвки“.

Употребете го сочуваното парче од поработ, за да ги поврзете сите делови кај неисечениот дел од 1.2 см, правејќи јамка.

Пресечете го вишокот со ножички.

Оставете го слободно да виси околу вашиот врат или превиткајте го во уште еден круг, за да добиете „ефект на раслојување“.
Та-даам! Имате нов моден додаток!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.