Направете сами: Антиалергиски детергент од 3 состојки
Поради сите отровни материи кои ги содржат куповните детергенти, многу луѓе користат алтернативни средства за перење на облеката, посебно за долната облека
Потребни состојки:
- органски сапун
- 600 грама сода бикарбона
- 20 капки етерично масло по желба
Начин на подготовка:
Природниот органски сапун изрендајте го во чинија и додајте ја содата. Добро промешајте и додајте го и етеричното масло. Повторно промешајте и подготвената смеса ставете ја во стаклен сад.
Зошто да почнете да користите природен детергент?
Природниот прашок за облека има многу предности во однос на куповниот. Неговата изработка е брза, едноставна, лесна и евтина, а со додавањето на етеричното масло, овој детергент добива мирис каков што посакувате. Погоден е и за луѓето кои се борат со алергиите, бидејќи постои многу мала можност за појава и развој на какви било симптоми. Со неговото користење го заштитуваме телото и организмот од сите непотребни токсини и што е најважно, природниот детергент не ја загадува околината.