Направете мал и симпатичен аксесоар за вашата омилена шолја

Направете мал и симпатичен аксесоар за вашата омилена шолја

Сте се запрашале ли некогаш како да направите држач за кафе, топло какао или чај? Сигурно ви се случило вашиот омилен пијалак да биде толку топол, што не сте можете да го држите во раце, а сакате што побрзо да тргнете и да го понесете со себе. Ние имаме идеја како да ви помогнеме и сè што ви е потребно е само еден стар чорап! Оригинално е, но исто така лесно за да се направи.

1-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_

Потребен материјал:
  • Чорап
  • Метро
  • Ножици
  • Игла и конец
Чекор 1:

Измерете ја висината на вашата шолја или термос, кои сакате да ги покриете. Додајте 1 или 2 сантиметри повеќе. Ако сакате да биде повеќе насобрано и поинтересно, оставете и подолга должина.

2-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_

Чекор 2:

Исечете го горниот дел од чорапот, кој инаку го прекрива вашиот зглоб, за да одговара на горенаведените мерки. Доколку долниот дел од чорапот, кој инаку ги прекрива стапалото и прстите е подолг – оставете го на страна, може да ви послужи за некоја помала шолја.

3-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_

Чекор 3:

Свртете го чорапот наопаку и материјалот од исечената страна превиткајте го за да биде со дебелина околу 1 сантиметар. Превитканиот дел сошијте го на чорапот.

4-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_ 5-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_

Чекор 4:

Свртете го чорапот на правилната страна и вашата „наметка“ за шолја е готов!

6-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_

Доколку вашата шолја има рачка, исечете мал процеп на чорапот и отстранете го вишокот материјал. Зашијте го по потреба. Погледнете како детално да го извршите овој лесен процес:

7-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_ 8-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_ 9-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_ 10-napravete-mal-i-simpatichen-aksesoar-za-vashata-omilena-sholja-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар