Направете „дождовна“ честитка
Еве една супер идеја за честитка што можете да ја направите сами за нечиј роденден кој е токму овој месец или по некој друг повод кој е во овој период. Покажете им ја и на вашите дечиња, па и тие нека се обидат да ја направат за своите другарчиња, баби или дедовци.
Потребни материјали:
- Колажна хартија
- Ножички
- Лепак
- Маркери
- Водени бои
Постапка:
Земете бел лист хартија кој ќе ви биде честитка и превиткајте го на два еднакви дела. Потоа, земете еден од колажните листови во боја и свиткајте го како хармоника, па соберете го и свиткајте го на пола и залепете го на средината од честитката, како на сликата. Потоа, под хартијата која ја залепивте (а која претставува чадор) нацртајте му рачка на чадорот и девојче или момче кое го држи чадорот.
Можете дополнително да ја украсите вашата честитка и да додадете капки дожд, суви лисја и друго според вашата желба и креативност.
За уште поинтересна честитка, на ликот кој го држи чадорот, може да му залепите пластични очи.
Се чувствувате креативно? Сакате да изработите уште нешто? Погледнете ја оваа прекрасна декоративна кутија со лалиња која може да биде одличен подарок со личен печат.