Направете 3 симпатични новогодишни елкички

Направете 3 симпатични новогодишни елкички

Со оглед на фактот дека новогодишните празници сè повеќе се приближуваат, во вашето слободно време можете да се позанимавате изработувајќи едноставни и оригинални елкички, кои во целост ќе ја надополнат празничната декорација во вашиот дом.

Во следното видео ќе погледнете начини за изработка на 3 креативни, мини-елки, кои ќе ја зачинат вашата трпеза, работна маса или ѕидот во дневната соба.

Потребни материјали:

Елка број 1: плута, ножици, чепкалка за заби, зелена салвета, мониста ѕвездичка, лепило и светки во сребрена боја.

Елка број 2: бел лист хартија во А4 формат, селотејп, ножици, украсна хартија за пакување (парче широко 12 см), лепило и мониста ѕвездичка.

Елка број 3: околу 7 стапчиња од дрво со големини од најголемо кон најмало, клешти, украсни ленти, лампиони, држач за свеќа.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар