Најзгодните спортистки на сите времиња
Кога станува збор за избор на најсексапилни жени, спортистките секогаш го заземаат приматот пред манекенките и моделите. Погледнете зошто е тоа така.
Аманда Бирд – пливање
Аманда Бирд е професионална пливачка, родена на 29 октомври 1981 година. На само 15 годишна возраст има настапено на летните олимписки игри во Атланта, 1996 година, бранејќи ги боите на САД. Досега има направено неколку фотосесии за престижните списанија „Sports Illustrated“, „FHM“ и „Playboy“.
Даница Патрик – Инди кар возач
Даница Патрик е родена на 25 март 1982 година. Американката со српско потекло, моментално се натпреварува во Инди кар, а за малку ќе станеше и првата жена возач во Формула 1. По успесите во кариерата, има направено разголени фотосесии за многу списанија.
Ана Ивановиќ – тенис
Ана Ивановиќ е родена на 6 ноември 1987 година во Белград. Досега има освоено 10 WTA титули, меѓу кои и онаа од Ролан Гарос, францускиот гренд слем. Веќе неколку години по ред е вбројувана во топ 3 најсексапилни спортистки, а се шпекулираат и милионски суми за некои нејзини ексклузивни фотосесии.
Биа и Бранка Ферес – синхронизирано пливање
Биа и Бранка Ферес се близначки родени на 22 февруари 1988 година, во Рио де Женеиро. Досега ја имаат претставувано својата земја на Пан Американските игри во 2007 година и на Светското првенство во Рим 2008 година. Иако немаат забележано некој особен успех во кариерата, бразилските убавици секаде се прогласувани за место број 1 во убавина.
Ана Роусон – голф
Ана Роусон е австралиска професионална играчка на голф, родена на 5 август 1981 година. Без некои посериозни успеси, последниве години настапува на светската професионална голф лига. Сепак надвор од терените навистина успева да го привлече вниманието на светската јавност.
Ана Курникова – тенис
Ана Курникова е пензионирана руска тенисерка родена на 7 јуни 1981 година. Како тенисерка повеќе се снајде во дабл конкуренцијата, каде што успеа да освои 4 гренд слем титули. Сепак вистинската слава ја стекна надвор од терените поради нејзиниот неоспорлив сексапил, но и поради врската со Енрике Инглесијас.
Малија Џонс – сурфање
Малија Џонс е родена на 27 март 1977 година и е поранешен првенец на САД во сурфање. Од 2006 година таа е модел на фирмата „Дулч Марија” и ја претставува на модните саеми, рекламирајќи главно, долна облека или костими за капење.
Марија Шарапова – тенис
Марија Шарапова е руска тенисерка родена на 19 април 1987 година. Досега во кариерата има освоено 19 турнири, од кои три гренд слема. Од неодамна е верена за НБА кошаркарот Саша Вујачиќ од тимот на Лос Анџелес Лејкерс.
Алисон Стоук – атлетичарка
Алисон Стоук е родена на 22 март 1989 година. Таа се натпреварува во дисциплината скок со стап и нејзиниот рекорд изнесува 4,21 метри. Сè уште нема направено ниедна фотосесија за некое познато списание, но сепак не може да не се забележи нејзината надворешна убавина.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Алисон Стоук definitivno !!!!!!!!
Марија Шарапова !!!!!!
memam komentari