Најзгодната баба во светот го прослави нејзиниот 80-ти роденден

Најзгодната баба во светот го прослави нејзиниот 80-ти роденден

Многу луѓе се обидуваат да започнат нов и подобар живот секој ден, додека годините минуваат. Ако сѐ уште го одложувате новиот почеток, запознајте ја единствената Ернестин Шеперд од Балтимор која е една од најстарите бодибилдерки ширум светот. Таа неодамна го прослави нејзиниот 80-ти роденден, но сѐ уште учествува во натпревари и маратони, а нејзината фигура е подобра од фигурите на повеќето 20-годишни девојки.

Најзгодната баба во светот го прослави нејзиниот 80-ти роденден

Ернестин вели дека поголемиот дел од нејзиниот живот не била активна и не ги сакала физичките вежби. Таа започнала да работи на нејзината фигура кога имала 56 години, заедно со сестра ѝ. И двете се заљубиле во аеробикот и почнале да учествуваат во спортски натпревари. Во 2010 година, оваа дама влегла во Гинисовата книга на рекорди како најстарата бодибилдерка.

Најзгодната баба во светот го прослави нејзиниот 80-ти роденден

Оваа супер бабичка го започнува денот во 3 часот наутро, медитира и оди да џогира. Во 8 часот има личен тренинг и не си легнува подоцна од 10 часот навечер.

Најзгодната баба во светот го прослави нејзиниот 80-ти роденден

Готвењето за семејството е работа која му припаѓа на саканиот сопруг на Ернестин, Колин, со кого е мажена 60 години. Нејзината исхрана се состои од ориз, пилешки гради, костени, житарици, јајца, како и големи количини на вода.

Најзгодната баба во светот го прослави нејзиниот 80-ти роденден

Ернестин ги советува луѓето дека никогаш не е доцна да почнат да се грижат за нивното тело, на која било возраст. Најтешкиот дел е да продолжите самите да се мотивирате, кога нема кој да ве турка напред.

Најзгодната баба во светот го прослави нејзиниот 80-ти роденден

Оваа неверојатна жена е толку силна и харизматична, што дефинитивно може да ви послужи како инспирација да почнете нов живот и да станете подобра личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар