Најзабавните љубовни и животни цитати од писателот Душко Радовиќ
Душко Радовиќ бил поет, писател, новинар и ТВ уредник. Неговите познати афоризми и ден денес се цитираат со насмевка на лицето. Па доколку сакате да се насмеете и да се пошегувате со љубените и најблиските, сте дошле на вистинското место!
„Жените кој добро се омажиле, наутро одат со автомобил на работа – ги возат мажите што лошо се ожениле.“
„Има жени што ги љубат само своите сопрузи. Тие мажи не се ништо посебно, но жените се.“
„Жената мора постојано да биде жена, бидејќи никогаш не се знае кога мажите ќе можат да станат мажи.“
„Ако не ви оди учењето – венчајте се. Ако не можете да најдете работа – родете дете. Помалите проблеми успешно се решаваат со поголеми.“
„Поубаво е да се биде нечија баба, отколку само баба.“
„Ако имате пријатели, тоа значи дека се согласувате дека има поубави, попаметни и подобри луѓе од вас. Тој што не може да го прифати ова, нема пријатели.“
„Тој што сака постојано да е во право, мора често да го менува мислењето. Исполнете го животот со жена и деца, бидејќи брзо ќе ви помине.“
„Кој знае како да се радува, има и за што да се радува.“
„Жената е како зимата, има и добри и лоши страни. Добрите страни лесно се забележуваат, а лошите се чувствуваат.“
„Денес ќе им биде убаво само на оние што не бараат многу.“
„Никој не им верува на убавите жени. Тие се преубави за да бидат верни. Таков е и случајот со паметните мажи.“
„Не трчајте по жените за да не се судрите со оние што бегаат од нив.“
„Пред да го поправате светот, поправете ја чешмата во вашиот стан. Светот би бил многу посреќен и поубав кога секој би си ја поправил чешмата… или барем забите.“
„Не е здрав оној ум што многу знае, а малку може.“
„Вчеравечер еден родител извика на родителскиот состанок: ‘Дајте ми добро дете, па ќе видите каков татко сум.’“
„Пред да тргнете да ја барате среќата, проверете да не можеби веќе сте среќни. Среќата е мала, обична и неупадлива, па многумина не умеат да ја видат.“
„Сè што ви треба, барајте од добрите луѓе. Тие немаат многу, но мислат дека ни тоа не го заслужуваат.“
„Нашиот град се претвори во голема чекална. Сите ние чекаме подобри денови.“
„Проверете дали навистина сте добри луѓе. Помогнете им на оние што не можат да ви возвратат.“
„Чувајте го своето здравје. Некаде, на некое тајно место, далеку, далеку од работата и семејството.“
Не ви беше доволно? Прочитајте повеќе цитати од овој одличен писател!