Највредната лекција од холивудските ѕвезди кои зрачат со самодоверба: Среќа е кога можете да се прифатите себеси

Највредната лекција од холивудските ѕвезди кои зрачат со самодоверба: Среќа е кога можете да се прифатите себеси

Не е лесно да се биде жена во модерното општество, но уште потешко е да се биде жена во Холивуд. Животот под постојаното око на папараците и целиот тој притисок да се изгледа прекрасно се одразуваат негативно на емоционалната состојба на нашите омилени ѕвезди. Дури и најпопуларните од нив понекогаш имаат лоша фризура, темни подочници, стрии и целулит. Одредени јавни личности решиле отворено да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат жените насекаде низ светот, без разлика дали се популарни или не. Погледнете ги овие 8 инспиративни жени кои се доказ за тоа дека не е сѐ до надворешниот изглед, туку најважно е она што се крие под површината…

1. Алиша Кис

Највредната лекција од холивудските ѕвезди кои зрачат со самодоверба: Среќа е кога можете да се прифатите себеси

Алиша Кис, позната по нејзината убавина и неверојатен глас, решила дека време е да се прифати себеси онаква каква што е. Од таа причина, пејачката престана да носи шминка и со гордост почна да ги покажува нејзините природни локни.

„Не сакам да се покривам повеќе. Не сакам да го покривам ниту моето лице, ниту мојот ум, ниту мојата душа, ниту моите мисли, ниту моите соништа, ниту моите маки, ниту мојот емоционален развој. Ништо не сакам да покривам“, изјавила Алиша.

Таа дури научила да ги сака и нејзините стрии, па им испратила порака на сите жени да се прифатат себеси со сите свои доблести и маани.

2. Ешли Греам

Највредната лекција од холивудските ѕвезди кои зрачат со самодоверба: Среќа е кога можете да се прифатите себеси

Конечно модел кој изгледа како вистинска жена и притоа блеска со самодоверба. Ешли Греам се гордее со нејзините облини и е првиот модел со прекумерна тежина кој се појавил на насловната страница на списанието „Sports Illustrated“.

3. Медлин Стјуарт

Највредната лекција од холивудските ѕвезди кои зрачат со самодоверба: Среќа е кога можете да се прифатите себеси

Медлин Стјуарт е неверојатно 19-годишно девојче кое се надева дека ќе ја промени општествената перцепција за убавината. Таа ги исполни нејзините соништа да стане модел и учествуваше на модната недела во Њујорк минатиот септември. За неа само небото е граница!

4. Џенифер Анистон

Највредната лекција од холивудските ѕвезди кои зрачат со самодоверба: Среќа е кога можете да се прифатите себеси

Бракот и мајчинството и понатаму се сметаат за суштински достигнувања на една жена без кои нејзиниот живот не би бил целосен. Но, дали навистина мораме да се омажиме и да имаме деца за да бидеме исполнети? Актерката Џенифер Анистон неодамна напиша моќно писмо каде што отворено зборуваше против медиумската перцепција за личниот развој на жената.

„Ние сме целосни без или со партнер, со или без дете. Ние одлучуваме што е убаво кога станува збор за нашите тела. Ние самите го одредуваме значењето на среќниот живот“, напишала Анистон.

5. Ема Вотсон

Највредната лекција од холивудските ѕвезди кои зрачат со самодоверба: Среќа е кога можете да се прифатите себеси

Паметната волшебничка од филмовите за Хари Потер прави сѐ што може за да го доближи феминизмот до луѓето. Во 2014 година, Ема Вотсон одржа моќен и трогателен говор за половата дискриминација во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Во нејзиниот говор таа ги повика сите мажи и жени да се соединат и со заеднички сили да се борат за полова еднаквост.

„Ако престанеме да се дефинираме според она што не сме и почнеме да се дефинираме според она што сме, сите би можеле да бидеме послободни“, рекла актерката.

6. Брин Рајс

Највредната лекција од холивудските ѕвезди кои зрачат со самодоверба: Среќа е кога можете да се прифатите себеси

Моделот Брин Рајс открива дека кога наполнила 19 години била дијагностицирана со витилиго, ретка болест која предизвикува губење на пигментот во кожата. Таа повеќе од 10 години се криела зад шминката, но конечно решила да ја прифати сопствената кожа и да собере храброст да му го покаже вистинското лице на светот.

„Не можев да се погледнам во огледало без да се расплачам, бидејќи се чувствував многу непривлечно. Не им дозволувајте на околностите да ве дефинираат, туку искористете ги како инспирација која ќе ве поттикне да достигнете личен развој и да им помогнете на другите. Сакајте се себеси и сите ваши недостатоци“, напишала Рајс.

7. Амандла Стенберг

Највредната лекција од холивудските ѕвезди кои зрачат со самодоверба: Среќа е кога можете да се прифатите себеси

Можеби ја паметите Амандла Стенберг по нејзината улога како храбрата Руе во „Игри на гладните“ (The Hunger Games). Но, денес актерката е една од оние холивудски активисти кои се борат против расизам, сексизам и хомофобија. Иако има само 18 години, таа прави сѐ што може за да го научи светот дека од суштинска важност е да постои расно и културно прифаќање меѓу луѓето. Стенберг отворено зборува за тоа како е да се биде жена со темна боја на кожата во модерното општество и со гордост ја претставува нејзината култура и идентитет.

8. Деми Ловато

Највредната лекција од холивудските ѕвезди кои зрачат со самодоверба: Среќа е кога можете да се прифатите себеси

Деми сега е жена која се гордее со нејзините недостатоци, но патот за да стигне до таму воопшто не беше лесен за неа. Во тинејџерските години, оваа пеачка и актерка се бореше со анорексија, зависност од дрога и депресија. Денес, таа е совршен пример за сите млади девојчиња кои се соочуваат со истите проблеми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар