Највисоките луди железници во светот

Највисоките луди железници во светот

Првата луда железница (rollercoaster) е направена во далечната 1885 година. Од тогаш до денеска нивната еволуцијата е во постојан раст. Сопствениците на најголемите забавни паркови во светот знаат што треба за да се победи конкуренцијата, па така ги создаваат овие грандиозни зданија за луда забава. Иако, можеби нема да дочекаме да видиме нешто слично кај нас, сепак можеме да погледнеме кои се најголемите луди железници во светот.
.

  • #5. Millennium Force

  • Забавен Парк: Cedar Point
  • Локација: Охајо, САД
  • Висина: 94 метри

Највисоките ролеркостери во светотИскомбинирана од рамни и брзи делови, со ненадејни кривини и превртувања, нуди неверојатно доживување од кое ќе врискате без престан. Иако започнува со брзина од скромни 24 километри на час, по спуштањето од највисоката точка, развива брзина до 150 километри на час. Притоа, за време на возењето ќе имате поглед кон прекрасното езеро Ири.
.

  • #4. Steel Dragon 2000

  • Забавен Парк: Nagashima Spa Land
  • Локација: Нагашима, Јапонија
  • Висина: 97 метри

Највисоките ролеркостери во светотОфицијално беше отворена во 2000 година, година на змејот во Азија, и оттогаш е главна атракција во овој парк. Претставува рекордер поради фактот што е најдолгата луда железница која користи подигање на синџир (2 479 метри). Може да развие 154 километри на час, што е сосема доволно да ви подзастане срцето.
.

  • #3. Tower of Terror II

  • Забавен Парк: Dreamworld
  • Локација: Квинсленд, Австралија
  • Висина: 115 метри

Највисоките ролеркостери во светотЗа првпат беше пуштена во употреба во 1997 година и, по реновирањето, повторно отворена годинава. Таа е единствената која се наоѓа помеѓу првите луди железници, а не е од САД или Јапонија. Со брзина од 160 километри на час се искачувате до највисоката точка и потоа со истата брзина паѓате наназад по истиот пат по кој сте дошле.
.

  • #2. Top Thrill Dragster

  • Забавен Парк: Cedar Point
  • Локација: Охајо, САД
  • Висина: 130 метри

Највисоките ролеркостери во светотКога беше направена во 2003 година, се појави како највисоката, најбрзата и најстрмната на светот, сѐ додека не се појави првата на оваа листа. Развива брзина од 0 до 193 километри на час за само 3.8 секунди, а полукружниот лак кој се наоѓа на највисоката точка од 130 метри само ја надополнува возбудата.
.

  • #1. Kingda Ka

  • Забавен Парк: Six Flags Great Adventure
  • Локација: Њујорк, САД
  • Висина: 139 метри

Највисоките ролеркостери во светотЛудата железница која го имаше своето деби во 2005 година, ги урна сите рекорди. Не само што е највисока, со 139 метри, туку е и најбрзата, со максимална брзина од 206 километри на час, а оваа брзина ја достигнува за само 3.5 секунди. По искачувањето до врвот со толкава брзина, следува спуштање по извртена шина која води за надоле, а притоа брзината останува непроменета.
Највисоките ролеркостери во светот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар