Највисокиот водопад во светот
Погледнат одoздола, на фотографиите подолу можете да го видите прекрасниот Ангелски Водопад. Тој се наоѓа во Националниот парк Канаима, Венцуела и е познат како највисокиот водопад во светот со висина од неверојатни 979 метри и пад на водата од 807 метри. Тој е заштитен од Унеско, и покрај главниот водопад вклучува и околу 400 метри серија мали стрмни водопади.
Според една статија од CNN, „Ангелскиот водопад е толку висок што дел од водата испарува уште пред да пристигне долу во базенот. За разлика од повеќето водопади, неговиот извор не е топењето на мраз или пак, река или езеро. Тој настанува од дождот кој доаѓа од тропските облаци.“
И покрај тоа што овој водопад е една од најголемите туристички атракции во Венецуела, сепак многу е тешко да се стигне до него поради неговата локација во изолираната џунгла. Погледнете ја оваа колекција од фотографии кои ќе ве остават без зборови…