Највеселиот кит на светот
Случајната средба со вакво огромно суштество може да делува застрашувачки поради неговата неверојатна сличност со китот-убиец, но напнатоста престанува кога тој изненадувачки ќе отпоздрави со својата широка насмевка.Затоа се нарекува „лажен кит-убиец“ иако, исто како и китот-убиец, тој всушност не е кит туку еден огромен делфин. Сепак, не е дружељубив колку делфините. Иако знае да се смешка пред камерите, кога е гладен го напаѓа останатиот животински свет во океанот.Овој кит се вика Смајли, а е забележан во Пацификот од фотографот Даг Перин. Може да расте и до 6 метри должина, а има од 16 до 22 огромни заби на секоја од двете вилици кои ја формираат оваа широка насмевка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Кхм…. па и не е баш некоја насмевка 😀 Малце и се исплашив кога го видов, може во секој миг да проголта се… па можеби кога ќе ве ”изеде”, тогаш ќе се смее 🙂